Трансфер од соништата: Од Каменица Саса се пресели во Борусија Дортмунд!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската репрезентативка Марјана Нацева си замина од тимот на Каменица Саса и потпиша за германскиот гигант Борусија Дортмунд.

Нацева заедно со екипата на Каменица Саса го освои трофејот во македонската лига, а тоа беше нејзина седма титула, по што се пресели во гигантот.

„По успешниот пробен период нашата веќе поранешна фудбалерка, Нацева потпиша со германскиот гигант Борусија Дортмунд. Огромна благодарност за се што направи за нашиот клуб, ти посакуваме само успеси во иднина“, соопшти македонскиот тим.