„Трансфермаркт“ објави: Двајца сега вредат неверојатни 220 милиони евра


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Светското првенство во фудбал донесе промени не само во рангот на репрезентациите, туку и на фудбалскиот пазар. Transfermarkt ги ажурираше пазарните вредности на играчите, а најголемите добитници очекувано се оние кои го одбележаа големиот турнир во Северна Америка.

Овој пат беа ревидирани вредностите на дури 99 фудбалери, а најголемиот добитник е Ламине Јамал, кој со шпанската репрезентација ја освои титулата светски првак. Неговата вредност порасна за 20 милиони евра и сега изнесува дури 220 милиони евра.

Со тоа се изедначи со Ерлинг Холанд, кој исто така е проценет на 220 милиони евра откако на Светското првенство постигна седум погодоци. Тие двајца сега го делат статусот на највредни фудбалери во светот.

На третото место е Килијан Мбапе, чии пазарна вредност повторно порасна на 200 милиони евра.