Трансферот на Бруно Фернандеш ќе се случи наскоро, тој ќе биде присутен на „Енфилд“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе се договорени сите детали за трансферот на Бруно Фернандеш во редовите на Манчестер Јунајтед.

Играчот од средниот ред ќе се пресели на „Олд Трафорд“ за сума од 43 милиони фунти плус 17 милиони фунти кои ќе бидат исплатени во бонуси.

25 годишниот Фернандеш веќе ги договорил личните услови со Јунајтед и ќе заработува 120.000 фунти неделна плата што е многу повеќе од тоа што го заработува во Спортинг Лисабон.

Бруно ќе го одигра последниот натпревар за Спортинг вечер против Бенфика, а потоа веднаш ќе се насочи кон Манчестер каде ќе ги помине медицинските прегледи, а веќе во недела ќе биде присутен на „Енфилд“ каде од трибините ќе го проследи дерби натпреварот меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед.