Трансферот на Ериксен во Јунајтед нема да се реализира, познато и зошто


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Изгледа дека Кристиан Ериксен нема да си замине во следните два дена од Тотенхем.

Имено, разговорите помеѓу „Петлите“ и Јунајтед се прекинати, бидејќи Тотенхем барал дури 90 милиони евра за фудбалерот кој има уште една година договор со Тотенхем. Имено, Леви смета дека цената за ривалите од Премиер лигата мора да биде поголема, па Јунајтед се откажал, а се сметаше дека Ериксен би можел да биде замена за Погба.

Меѓутоа, тоа нема да се случи, Ериксен би можел да заврши во Реал или Јувентус до крајот на трансфер периодот, особено доколку пристигнат Кутињо и Диабала, а неговата цена за клубовите од континентот би била помала, околу 70 милиони. Ќе видиме што ќе се случи, дали Реал ќе се откаже од Погба, бидејќи ако не доведат замена, Јунајтед сигурно нема да го продаде Французинот.