Продолжува кошмарот на Кутроне, му пропадна трансферот во Серија А, се врати во Вулверхемптон


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Патрик Кутроне ги пропушти неколкуте последни натпревари за Вулверхемптон затоа што се обидуваше да обезбеди трансфер во Серија А.

Имено, Патрик Кутроне се врати во Италија во обид да се пресели во Фиорентина, меѓутоа не бил постигнат конечен договор.

Фиорентина го посакувала младиот напаѓач на позајмица со можност за откуп на неговиот договор, меѓутоа не бил постигнат договор за личните услови на фудбалерот, па трансферот пропаднал.