Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Французинот одлучи да го напушти Атлетико, еден клуб веќе може да го слави неговиот трансфер.
Антоан Гризман обелодени, ќе го напушти мадридски Атлетико ова лето.
Два клуба се во игра за неговиот потпис, Барселона и ПСЖ, а веќе има и наводи за тоа каква судбина би можел да има францускиот репрезентативец.
Се проценува дека мадридски Атлетико од неговата продажба ќе заработи 120 милиони евра, а еден клуб особено ќе се израдува со оваа бројка.
Во прашање е Реал Сосиједад, некогашниот клуб на Гризман, кој поседува права на 20% од обештетата за следниот трансфер на репрезентативецот на „Триколорите“.
Така што, Реал Сосиједад така ова лето ќе заработи 24 милиони евра, а притоа нема да мора да продава ниту еден свој играч.
Направија добар потег кога ја вградија оваа клаузула во договорот, на име на трансферот во 2014. година добија 30 милиони евра, сега им следуваат уште 24 милиони, кои ќе можат да ги вложат во засилување ова лето.
Претседателот на клубот, Јокин Аперибеј изјави дека со продажбата на Гризман е направен одличен дил, дека парите ќе бидат вложени во засилувања, но подетално не можеше да зборува, ќе се зависи од желбата на стручниот штаб.