Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Луис Суарез ова лето сигурно ќе си замине од редовите на Барселона, а ако не го стори тоа сезоната ќе ја изгледа од својот дом затоа што Роналд Куман јасно му порачал дека воопшто нема да смета на него за оваа сезона.
Уругваецот се поврзуваше со трансфер во редовите на Јувентус и веќе беше виден во клубот од Торино, но како што стојат работите трансферот нема да се реализира ова лето.
Причината за тоа е што Суарез не може навреме да добие италијанско државјанство и нема да може да биде регистриран за натпреварите од Лигата на шампионите.
Токму затоа Јувентус ќе се откаже од намерата да го ангажира Суарез и мислите ќе ги насочи кон Един Џеко кој веќе станува вишок во Рома откако „волчицата“ го договори трансферот на Аркадиуш Милик од Наполи.