Трансферот на Вилијан во Арсенал е извесен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Вилијан пред неколку денови и официјално се прости од тимот на Челси.

Вилијан како што стојат работите кариерата ќе ја продолжи во тимот на Арсенал кој му понудил тригодишен договор.

Репортерот на „Скај Спорт“, Каве Солекол изјави дека трансферот е пред реализација и истиот ќе биде официјализиран следните денови.

„Кажано ни е дека е речиси готово. Одделот за социјални мрежи на Арсенал го подготвува објавувањето на траснферот. Вилијан ќе биде играч на Арсенал многу скоро“ –изјави Солекол.