Трансферот во Јуве се покажа како грешка, Де Лихт се враќа во Ајакс?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот талентиран холандски фудбалер, Матијс Де Лихт ова лето реализираше трансфер вреден 75 милиони фунти во редовите на Јувентус.

Сепак, играчот кој жареше и палеше минатата сезона не се снајде во Торино, па и покрај фактот што беше форсиран во првиот тим често правеше грешки кои на крајот испаѓаа како кобни, па Јувентус примаше голови.

Маурисио Сари го увиде тоа, па сега почна да му дава се помалку шанса на младиот фудбалер. Така тој на последните три натпревари за јувентус одигра само 14 минути, и веднаш се појавија шпекулации дека би можел да си оди од клубот.

Наводно,Ајакс е подготвен да го донесе Де Лихт на позајмица до крајот на сезоната со што младиот фудбалер ќе ја врати старата форма и далеку поподготвен ќе го дочека Европското првенство кое се игра следното лето.