Трансферот зависи од еден услов: Челси понуди 62 милиони фунти за португалска ѕвезда


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Челси понуди 62 милиони фунти за ѕвездата на Валенсија, Гонсало Гуедеш, па таквиот трансфер би можел да се реализира само доколку им биде одложена казната од два преодни рока без ангажирање фудбалери.

Лондонскиот гигант го продаде Еден Азар во Реал Мадрид за 89 милиони фунти, па сега бараат негова замена, а се надеваат дека нивната жалба до Судот за спортска арбитража (ЦАС) ќе биде прифатена, па тие ќе можат да го ангажираат Гуедеш.

Овој 22-годишен фудбалер постигна осум гола и четири асистенции во сите натпреварувања за Валенсија, но Челси верува дека ќе биде достојна замена за Азар.

„Сините“ претходно го купија и Кристијан Пулишиќ, па останува да видиме што ќе се случи со жалбата на Челси.