Траоре го одби Тотенхем за да си ја исполни најголемата желба?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Британските медиуми пишуваат дека Адама Траоре нема да се пресели во Тотенхем, иако имаше шпекулации дека е договорен трансфер во вредност од 24 милиони евра, а причината за тоа е желбата на одличниот фудбалер да заигра за Барселона.

Ѕвездата на Вулверхемптон го одби Тотенхем и се надева дека ќе потпише за екипата на Чави Ернандез, каде што треба да биде замена за Осман Дембеле, кој треба да биде продаден до крајот на јануари.

За услугите на Траоре покажа интерес и Вест хем, но тој сака да се врати во Каталонија, каде што играше за Барселона Б до 2015 година, по што се пресели во Астон вила.

Една година подоцна се сели во Миделзбро, а од 2018 година го носи дресот на Вулверхемптон и досега му оди добро во премиерлигашот.