Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот фудбалер Кристијан Трапановски и официјално беше претставен во шкотскиот прволигаш Данди јунајтед, па така стана третиот Македонец кој ќе игра во Шкотска по Бојан Миовски во Абердин и Давор Здравковски во Мадервил.
Трапановски стави потпис на двегодишен договор со Данди јунајтед, а има опција да ја продолжи соработката на уште 12 месеци.
„Среќен сум што доаѓам во Данди, ова е голема шанса за мене. Го имав првиот тренинг и бев одлично примен од соиграчите“, кажа Трапановски.
Трапановски претходно играше за Шкупи, Славија Прага, Татран Прешов, Подбрезова и Брера Струмица.