Трапановски погоди против Ренџерс: Гигантот сè повеќе тоне (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ренџерс, некогашниот шкотски шампион, попладнево го запиша своето шесто реми оваа сезона откако играше 2-2 на домашен терен против Данди Јунајтед.

На натпреварот настапија македонските репрезентативци Бојан Миовски и Кристијан Трапановски, а особено задоволен може да биде играчот на Данди Јунајтед.

Ренџерс се избори за предност од 1-0, но во 66. минута Кристијан Трапановски мајсторски шутираше од далечина и го израмни резултатот.

По ова, Данди Јунајтед повторно поведе со голот на Сибалд, но во 87. минута Таверние успеа да го постигне голот кој донесе бод за Ренџерс.