Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двата најдобри руки играчи од минатата сезона , Лука Дончиќ и Тре Јанг се поканети да учествуваат во шутирање тројки на претстојниот Ол Стар викенд.
Двајца играчи чии кариери се испреплетени уште од последниот драфт кога Атланта го замени својот избор со Далас за да стигне до Јанг наместо Дончиќ, би требало да ги одмерат силите во шутирање тројки, но се уште е неизвесно дали ќе се случи тој дуел.
Иако е веќе сигурно дека Јанг ќе ја прифати поканата, Лука Дончиќ сè уште размислува дали да одговори. Речиси е сигурно дека младиот Словенец ќе учествува на главниот натпревар вo недела, бидејќи бројот на гласови што тој веќе ги доби е импресивен и треба да биде само чудо што нема да го видиме во Јунајтед Центар во Чикаго.
Тра Јанг исто така има одлична сезона, па затоа не би било неочекувано за тој да се појави во главниот дел од програмата. Да потсетиме, Лука Дончиќ беше прогласен за дебитант во НБА минатата година со брилијантниот стрелец на Хокс Јанг веднаш зад него.