Требаше да биде големо засилување, но води борба за живот: Голгетерот има проблеми со рак!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот од Брегот на Слоновата коска, Себастијан Але минатото лето од Ајакс се пресели во Борусија Дортмунд, но потоа дозна ужасни вести затоа што му беше откриен рак на тестисите поради што замина на хемотерапија.

Але пред помалку од еден месец доби информација дека ракот е излечен и ќе може да се врати на теренот побрзо од што се очекуваше, но сепак нема да има таква среќа.

„Морам да објавам дека борбата за мојот живот сè уште не е завршена. Ќе мора да одам на операција за да се ослободам од туморот кој не ми дозволува да играм фудбал. Сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката која ми ја даваат. Се радувам на секоја средба со вас“, напиша Але на социјалните мрежи.