Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Фудбалскиот клуб Овиедо оствари историски успех, совладувајќи го Мирандес во реванш-натпреварот од баражот, и по долги 24 години се врати во шпанската Ла Лига. Овој неверојатен триумф е значајно достигнување и за тренерот Вељко Пауновиќ, кој има струмичко потекло и за краток период стана херој меѓу навивачите.
Пауновиќ го презеде раководството на Овиедо пред помалку од три месеци. Неговиот ефект врз тимот веднаш беше видлив. Со водството на Пауновиќ, тимот не само што ги стабилизира резултатите, туку и успеа да дојде до бараж-финалето, освојувајќи пласман во Ла Лига – подвиг кој навивачите го очекуваа долго време.
Како играч, Пауновиќ настапуваше во реномирани клубови, вклучувајќи Партизан, Атлетико Мадрид, Хетафе, Овиедо и повеќе други европски екипи.
Фото: Принтскрин