Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик потврди дека 29 годишниот шпански интернационалец, Тијаго Алкантара ќе си оди од Баерн Минхен.
Освен тоа, Флик го потврди и неговиот следен клуб, а тоа е англискиот шампион, Ливерпул.
„Тијаго беше неверојатен играч на Баерн Минхен цели седум години. Беше вистинско задоволство да се работи со него. Му честитам на Јирген Клоп, тој доби навистина топ фудбалер и сензационална личност“- изјави Ханси Флик.
Се шпекулираше дека Ливерпул ќе го ангажира Тијаго дури кога ќе се ослободи од Вијналдум, но Клоп инсистирал на негово што поскоро доаѓање, па затоа трансферот се реализира сега.