Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денеска беше одржана ждрепката за паровите во осминафиналето од Лигата на шампиони, а Наполи ќе има тешка задача против Барселона.
Наполи ќе има тешка мисија да се избори за четвртфинале, а за тоа е свесен и тренерот Џенаро Гатузо, кој вели дека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и другарите ќе играат без страв против каталонскиот гигант.
„Тие се одличен тим и голем предизвик за нас. Одиме да играме против нив без страв“, кратко порача Гатузо по ждрепката за елитното натпреварување.
Сигурно овој двомеч ќе донесе многу возбудувања, а навивачите се надеваат дека Наполи до дуелот против Барселона ќе влезе во форма и ќе успее да им се спротистави на Каталонците.