Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наполи одигра 0-0 против Фиорентина, а навивачите на гостинскиот тим не беа воопшто задоволни, па така Лучано Спалети за малку ќе добиеше шлаканица од еден фан на трибините.
Спалети дојде до заштитната ограда позади неговата клупа за да ги расчисти сметките со навивачите кои го навредуваа, по што еден навивач се обиде да му удри шлаканица, но за среќа реагираше обезбедувањето.
„Публиката во Фиренца е безобразна. Возрасни луѓе со деца ја навредуваа мојата мајка. Секое гостување тука е иста приказна. Мајка ми има 90 години и таа е сè што имам“, кажа Спалети по натпреварот со Фиорентина.
Firenze peggior pubblico d’Italia per distacco.
— Alessandro (@90ordnasselA) August 28, 2022
Trogloditi. pic.twitter.com/WFAXGce0xa