Тренерот на Еспањол: Ако дувнеш во играчите на Барселона, тие паѓаат на теренот како покосени


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


Барселона ја освои титулата во Шпанија победувајќи со 2:0 во градското дерби против Еспањол, два кола пред крајот на Ла Лига, со головите на Ламине Јамал и Фермин Лопез.

Таа победа е особено слатка за навивачите на Барса бидејќи ја освоија титулата од еден од најголемите ривали (Реал), а ја обезбедија со победа против другиот – Еспањол. Барселона и Еспањол се градски, но и идеолошки ривали. Имаат големо историско ривалство бидејќи Барселона е клуб на каталонските сепаратисти, а Еспањол на шпанските монархисти.

И додека цела Шпанија и светот му се поклонуваат на суперѕвездата на Барса Ламине Јамал, тренерот на Еспањол, Маноило Гонзалез, го критикуваше жесто после натпреварот поради изнудениот црвен картон во 80. минута.

„Јамал е многу добар фудбалер, но не би требало така да симулира. Му реков во лице да престане да провоцира и да глуми! Тоа не беше остар старт, а тој падна и почна да се тркала. Требаше да добие жолт картон. Го удри Ламине, но сè потоа беше чисто театар. Ако дувнеш во нив и тие паѓаат на теренот како покосени”, рече тренерот на Еспањол.

Фото: Принтскрин