Тренерот на Лион на бизарен начин остана без нов договор!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Лион, Жан-Мишел Оле од бизарна причина реши да не му понуди нов договор на Бруно Генезио.

Лион синоќа испадна во полуфиналето од францускиот Куп од Рен со 2-3, а тоа на крајот му пресуди на Генезио и најверојатно нема да остане на тренерската клупа.

„Се договоривме да му се продолжи договорот за дополнителни две сезони ако одиме во финалето на Купот. Со оглед на тоа дека нема да се бориме за трофеј, договорот повеќе не важи“, Оле.

Сепак, додаде дека тоа не значи дека Генезио нема да добие нов договор.

„Не е ништо решено. Ќе донесеме една одлука на основа на резултатите на крајот на сезонатa“, кажа првиот човек на Лион.

Во последно време со клупата на францускиот тим се поврзуваат Жозе Мурињо и ќе биде интересно да видиме што ќе се случи на крајот.