Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мајорка загуби на пенали од Фуенлабрада, а македонскиот репрезентативец Александар Трајковски беше стартер и постигна гол во 11. минута од натпреварот.
Мечот се решаваше на пенали, каде што поуспешна беше екипата на Фуенлабрада, а тренерот на Мајорка, Луис Гарсија зборуваше за Трајковски.
„Трајковски постигна гол и тоа е добро за него. Секогаш кажувам дека тие што играат напред мора да постигнуваат голови. Верувам дека погодокот ќе му ја крене самодовербата во следните натпревари“, кажа Гарсија.