Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Предводникот на Милан, Стефано Пиоли сака да бидат променети дел од правилата во фудбалот за играта да биде повозбудлива.
Пиоли кажа дека во фудбалот треба да се воведат кошаркарски правила, односно тајм-аути, кои ќе им помогнат на тренерите, но и на фудбалерите.
„Би сакал повеќе да комуницирам со фудбалерите во текот на натпреварите, па би вовел тајм-аут во фудбалот. Така би можел да давам посебни и прецизни упатства додека на полувреме се обидувам да ја комбинирам тактиката и техничките совети со мотивациони говори. Исто така, сака да се воведат некои методи за мерење на времето на активна игра зашто во моментов тоа трае премногу долго време“, кажа Пиоли.