Тренерот на Милан збесна: Фудбалерите читаат вести и затоа нема стабилност во екипата!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тренерот на Милан Серѓо Консеисао го најави реваншот од полуфиналето на Купот на Италија против Интер, но говореше и за својата позиција во клубот.

Градските ривали ќе се сретнат во среда во реванш дуел од полуфиналето на Купот на Италија. Во првиот дуел одигран на 2 април беше 1:1.

Милан во неделата на свој терен беше поразен од Аталанта (0:1) во натпревар од 33. коло на Серија А. Моментално се наоѓа на деветото место на табелата со 51 бод.

Консеисао во декември минатата година го замени Пауло Фонсека, неговиот договор трае до јуни 2026 година, но Милан има можност да ја раскине соработката и на крајот на оваа сезоната.

„Откако дојдов и го освоив Суперкупот, секојдневно се зборува за тренери кои доаѓаат во Милан. За мене тоа е во ред, во фудбалот сум веќе 40 години, но играчите читаат вести и затоа нема стабилност. Мораме да работиме денес за да бидеме подобри утре. Не ми е лесно, бидејќи нема многу почит – зборуваат како тренерот на Милан никогаш не водел тим, а не е така. Мојата иднина не зависи од ништо, морам да го спремам тимот за следниот меч против Интер и да го освоиме тој трофеј”, изјави Консеисао за „ДАЗН“.

Фото: AC Milan/FB