Тренерот на Саутемптон откри колку голем е Сер Алекс: По поразот од 9:0 добив неочекуван повик

Тренерот на Саутемптон, Ралф Хасенхутл во јавноста изнесе еден момент кој досега не беше познат на никому.

Имено, по катастрофалниот пораз од Лестер во кој неговиот тим загуби со 9:0, Хасенхутл добил порака од ни помалку ни повеќе туку самиот Сер Алекс Фергусон.

„Добив СМС порака од Сер Алекс Фергусон. Не се познававме лично. Никогаш да не загубев со 9:0 не би можел да комуницирам со него. Тоа беше позитивна работа од тој резултат. Навистина ми помогна“ –изјави Хасенхутл.