Тренерот на Саутемптон се извини по дебаклот: Ова беше чиста катастрофа!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Синоќа имаше „дожд“ од голови во Саутемптон, откако тие примија дури девет од Лестер сити. „Лисиците“ на таков начин го израмни рекордот на највисока победа во историјата на Премиерлигата (Манчестер јунајтед – Ипсвич 9-0), но тие се единствен тим кој тоа го направил на гости.

Ралф Хасенхатл, австрискиот тренер на клупата на Саутемптон едвај најде зборови по историскиот дебакл на неговата екипа пред домашните навивачи.

„Не знам што да кажам. Морам да се извинам на сите за тоа што се случи. Горд сум на тие што остсанаа до крајот на мечот, зашто на навивачите не им беше лесно. Откако добивме црвен картон, секој нивни напад беше гол. Одбрана не постоеше. Кога на теренот ќе се однесувате како моите фудбалери, тогаш не смеете да се чудите кога ќе примите девет гола. Може да кажете дека сме се откажале или како сакате. Тоа беше само една катастрофа“, вели тренерот.