СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас постигна деби гол за Торино во синоќешниот натпревар, но неговата екипа загуби од Болоња со резултат 2-3. Иако исходот беше неповолен, тренерот Паоло Ваноли ја истакна важноста на Елмас за тимот и изрази благодарност за неговиот настап.
Елмас влезе во играта во 62. минута, а само три минути подоцна успеа да го затресе противничкиот гол, демонстрирајќи и завиден технички квалитет и инстинкт за постигнување голови.
„Жал ни е што не успеавме да извлечеме подобар резултат, но Елмас е играч кој носи дополнителен квалитет. Тој веќе покажа што може во Неапол, а сега го прави истото и кај нас“, изјави Ваноли.