Треневски: Ако Партизан ме повика, би дошол пешки!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


По смената на Срѓан Благоевиќ, Партизан како привремено решение на местото шеф на стручниот штаб го постави Марко Јовановиќ, а управата на клубот од Хумска тргна во потрага по трајно решение.

Изминативе денови се појавија гласини дека еден од кандидатите за нов тренер на Партизан е и малку познатиот поранешен фудбалер на црно-белите, а сега тренер на црногорскиот третолигаш Балкан Иглс Виктор Треневски.

Македонецот открива дека контакт со Партизан немало.

„За мене, исто како и за многумина, ова е убава вест што и јас ја прочитав, но за жал останува само на тоа, бидејќи немало никакви контакти со луѓето од Партизан“, рече тој за ‘Спортски журнал’.

А, доколку повикот дојде, Треневски нема дилема – пешки би тргнал за Белград.

„Тоа би било голема чест за мене. Би им рекол на луѓето од Партизан да ми дадат два дена, бидејќи би дошол пешки до Белград. Кога станува збор за мојот сакан клуб, ништо не би ми било тешко. Со еднаш бебиња играв во Хумска, а верувајте ми дека со овие бебиња би сакал да работам, бидејќи мислам дека имаат голем квалитет. Се надевам дека би пораснале со мене“,јасен е тој.