Трет најефикасен фудбалер во историјата на ПСЖ: Мбапе престигна легенда, пред него се Ибра и Кавани!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Килијан Мбапе ја одбележа минатата ноќ во Лигата на шампиони со хет-трик против Барселона во триумфот на ПСЖ од 4-1 на гостувањето во Каталонија.

Мбапе му помогна на својот тим да слави убедливо и така го доближи на чекор до пласман во четвртфинале.

„Мбапе е фудбалер пред кој е иднина на светска ѕвезда, која ќе биде како Лионел Меси или Кристијано Роналдо. Вечерва може само да му честитаме“, кажа Антоан Гризман.

Интересно е тоа што Мбапе со овие три гола стигна до бројката од 110 погодоци во дресот на „светците“ и така стана трет најефикасен фудбалер во историјата и го премина Педро Паулета (109), а пред него се само Златан Ибрахимовиќ со 156 и Едисон Кавани со 200 голови.