Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона и Реал Мадрид одиграа 0-0 во најголемото шпанско дерби „Ел Класико“, а иако на дербито не беа забележани погодоци, мечот го одбележаа многу шанси, а „кралевите“ беа за нијанса поблиску до победата.
Тоа го покажува и статистиката според која Реал беше подобар во неколку сегменти, но на крајот заврши 0-0. Но, во Реал Мадрид не се помируваат со резултатот со оглед на тоа дека не беа задоволни од судењето и сметаа дека се оштетени.
Посебно се бесни поради две ситуации во кои во една имаше остар старт врз Рафаел Варан, додека во друга фудбалерот на Реал беше повлечен за дрес, но судијата Ернандез не досуди пенал.
Од шпанската телевизија „Ел Чирингито“ тврдат дека „кралевите“ ја бараат аудио снимката од разговорот од ВАР-собата, каде што имаше остар старт врз Варан.
? INFORMACIÓN de @JLSanchez78:
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) December 19, 2019
?️ "El Real Madrid pedirá el audio del VAR en la acción del plantillazo a Varane". #JUGONES pic.twitter.com/Cw1Wl1lR72