Третолигаш му понуди помош на тимот од Битола: Ќе се спаси ли Пелистер?


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Пелистер се соочува со проблеми поради тоа што нема доволно професионалци во екипата за следната сезона,а  потребни се 12 за да добие лиценца за настап во македонската Прва Лига.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) испрати ултиматум до Пелистер да го испочитува рокот и да пријави професионалци до четврток, а очигледно проблемите ќе се надминат во тимот од Битола.

Дел од навивачката група „Чкембари“ бил денеска кај градоначалничката на Битола, Наташа Петровска и добиле ветување дека екипата ќе се спаси и ќе добие лиценца за настап во македонската елита.

Исто така, третолигашот Црно Буки се понудил да го реализира нивниот ваучар и парите да ги уплати на сметката на Пелистер, кој има потреба од 20.000 евра, додека екипата од Трета лига се понудил да помогне со 1.000 евра.

ФОТО: ФК Пелистер