Три асистенции на Валверде: Реал Мадрид ја прегази Осасуна (Видео)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид славеше против Осасуна со 4-2 и направи чекор напред кон титулата во Ла Лига, а одличен меч имаше Феде Валверде.

Винисиус Жуниор погоди за 1-0 во четвртата минута, но набрзо Будимир израмни на 1-1. Сепак, Карвахал го врати водството за тимот од Мадрид во 18. минута.

Во вториот дел стрелаа Винисиус и Дијаз за предност од 4-1, додека Муноз погоди за конечни 2-4.

Реал е прв со 72 бодови, односно 10 повеќе од Жирона на девет кола пред крајот на првенството.