Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Шефилд јунајтед обезбедија пласман во Премиерлигата, откако Лидс не успеа во претходното коло да ја победи Астон Вила.
Во Чемпионшип лигата се познати двете екипи кои директно се пласираа во Премиерлигата, а тоа се Норвич и Шефилд јунајтед.
А неверојатна приказна доаѓа од Шефилд јунајтед, додека во центар на внимание е фудбалерот Оливер Норвуд, кој веќе трета година по ред со својот тим изборува пласман во Премиерлигата, но никогаш нема играно таму.
Бившиот младинец на Манчестер јунајтед играше во Брајтон и му помогна да влезе во Премиерлигата, а потоа потпиша за Фулам, па и со нив избори пласман во најсилната англиска лига.
Сепак, тој летоска повторно потпиша за второлигаш, односно Шефилд и не го криеше незадоволството што потпиша за Фулам.
Но, за среќа сега повторно избори пласман во Премиерлигата, па сега се надева дека конечно ќе заигра во лигата.