Три клуба од Премиер лигата сериозно запнаа за Умтити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот медиум „Ел Десмарк“ пишува дека три клуба од Премиер лигата се заинтересирани за нагажман на Самуел Умтити.

Наводно, Барселона е подготвена да го продаде францускиот интернационалец кој не е во преден план кај Ернесто Валверде.

За играчот кој во 2016 година пристигна на „Камп Ноу“ од Лион во моментов има сериозен интерес од редовите на Манчестер Јунајтед, Арсенал и Тотенхем. Интересно е што сите овие клубови се во потрага по централен дефанзивец, а Умтити се вклопува во нивните замисли.