Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси, Манчестер Сити и Тотенхем се сериозно заинтересирани за фудбалерот кој годинава блеска во дресот на Борусија Дортмунд, а има договор со Реал Мадрид, Ашраф Хакими.
Мароканецот ја игра втората сезона од неговиот договор за позајмица со „милионерите“ и со своите игри го привлече вниманието на големите европски екипи.
Иако се очекуваше Реал Мадрид да му понуди сигурно место во првиот тим, сега се појавија шпекулации дека од „кралскиот клуб“ ќе му дозволат на играчот да си замине на перманентна основа, па целата ситуација одблиску ја следи триото од Англија кое ќе се обиде да го ангажира доколку шпанскиот клуб крене раце од него.