Три клуба заинтересирани за Марио Балотели во јануарскиот преоден рок


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Само шест месеци ќе трае авантурата на контроверзниот напаѓач, Марио Балотели во дресот на Бреша.

Според италијанските медиуми три тима во моментов се заинтересирани да го ангажираат 29 годишниот напаѓач кој поради својот карактер не направи блескава кариера.

Турскиот Галатасарај е единствениот тим од Европа кој е заинтересиран за Балотели, додека другите два заинтересирани тима се од МЛС Лигата. Торонто и Лос Анџелес Галакси се распрашувале за ангажман на фудбалерот кој влезе во конфликт и со луѓето во Бреша.