Тричковски е најдобар фудбалер во Кипар!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски, кој настапува за АЕК Ларнака во кипарскиот шампион доби големо признание, откако беше избран за најдобар фудбалер.

Македонскиот напаѓач доби најмногу гласови од тренерите во кипарската лига, па во понеделник ќе му биде доделена заслужената награда.

Тричковски досега одигра 39 натпревари за кипарскиот тим сезонава, а притоа постигна 24 голови, па може да се каже дека ја заслужи наградата за фудбалер на сезоната во Кипар.

Мора да споменеме и дека Тричковски сезонава стана најдобар стрелец во историјата на АЕК, па само ја комплетираше успешната сезона.

Македонскиот репрезентативец поради повреда најверојатно нема да настапи на дуелите против Полска и Австрија во јуни.