Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот напаѓач Иван Тричковски продолжи со одличните настапи на Кипар, па така постигна еден од погодоците за АЕК Ларнака во ремито против Паек (2-2).
Македонецот го постигна својот деветти гол сезонава во 90. минута со удар од белата точка и тоа беше погодок за водство на АЕК Ларнака од 2-1, но ривалот потоа даде гол за израмнување во 98. минута.
Тричковски со новиот гол се искачи на врвот на листата со стрелци во кипарскиот шампионат, па сега има ист број на голови како Садик од Докса.