Тричковски пред трансфер во грчки клуб!?


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски имаше одлична сезона со АЕК Ларнака и привлече интерес од многу екипи, меѓу кои и грчки Панатинаикос.

Тренерот Иван Јованиќ бил заинтересиран за услугите на македонскиот напаѓач, па поради тоа сака да го ангажира во Панатинаикос и така да ги реши проблемите.

Панатинаикос е еден од најголемите клубови во Грција, па тоа би било голем предизвик за македонскиот репрезентативец.

Тричковски во минатото настапуваше за екипите на Вардар и Работнички, по што играше за Црвена Звезда, Легија Варшава и АПОЕЛ пред да се пресели во АЕК Ларнака.