Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
АЕК Ларнака славеше со 2-1 против украински Днипро и сега Иван Тричковски и неговите колеги се наоѓаат на чекор до групната фаза во Лига Европа.
Тричковски заигра во завршницата од мечот, односно во 86. минута, но и покрај тоа АЕК Ларнака успеа да слави со 2-1.
Алтман погоди за 1-0 во 16. минута од натпреварот, додека Сваток потоа си даде автогол, а истиот фудбалер во финишот се извлече за грешката и стрелаше за 1-2.
Ова за Тричковски и АЕК ќе биде вторпат да играат во групната фаза на Лига Европа.