Трипати асистираше во „Ел Класико“, а сега поради повреда го пропушта финишот од сезоната!


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


Барселона ќе биде без Феран Торес до крајот на сезоната. Офанзивниот 25-годишен играч, стрелец на 19 и асистент за седум гола во 45 одиграни натпревари оваа сезона, ќе го пропушти финишот на сезоната поради операција на слепото црево.

Денес ќе биде подложен на операција, што е и причината зашто нема да игра на денешната средба против Еспањол. Натпреварите против Вилјареал и Атлетик, со кои Барса ја завршува сезоната, ќе ги пропушти поради закрепнување од операцијата.

Феран Торес во победата против Реал Мадрид (4:3), со која Барса се приближи до титулата, учествуваше со три асистенции. Во последно време играше во добра форма, па од средината на февруари до средината на мај во лигашките успеси на Барселона внесе шест гола и четири асистенции. Само два шампионатски натпревара во сезоната 2024./25. ги одигра целосно.

Фото: Принтскрин