Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кјеран Трипие ова лето направи неочекуван трансфер и Лондон го замени за Мадрид каде го облече дресот на Атлетико.
Фудбалерот одлично се снаоѓа во новата средина каде е на првото место во Ла Лига, а сега кога е на репрезентативна пауза ја искористи приликата и упати малку поостри зборови кон првите лица на Тотенхем.
„Зборував со менаџерот за неговите планови дали сака да ме задржи и не добив ниту „ДА“ ниту „НЕ“, па јасно ви е како се чувствував. Менаџерот не кажа дека ме посакува, па се обидов да зборувам со претседателот за тоа. Не е убаво кога знаеш дека клубот сака да те продаде. Ги слушав шпекулациите дека сакаат да си заминам и тоа не е убаво, но се случува во фудбалот“- истакна Трипие.