Трипие трагичар за Њукасл: Челси обезбеди полуфинале во Лига Купот (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси по голема драма и пенали го елиминира Њукасл и се пласира во полуфинале на Лига Купот.

Гостите стигнаа до гол во 16. минута преку Калум Вилсон по грешката на Бадиашил, но во финишот се случи идентична ситуација на спротивната страна кога Киран Трипие му подари топка на Мудрик кој стрелаше за 1-1.

Во пенал-рулетот Челси беше подобар со 4-2, откако Трипие промаши еден пенал, додека вториот го одбрани Петровиќ.