Трипл-дабл на Дончиќ, Минесота се спаси од „метла“ против Далас (Видео)


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Минесота тимбервулвс славеше со 105-100 во четвртиот натпревар против Далас маверикс и остана во игра за големото финале во НБА-лигата.

Минесота имаше добар почеток на натпреварот и водство од +14, но потоа Далас маверикс се врати со помош на Лука Дончиќ.

Ентони Едвардс од Минесота, сепак, се радуваше на крајот и го заврши дуелот со 29 поени, 10 скокови и девет асистенции за победа на неговиот тим, додека Дончиќ заврши со 28 поени, 14 скокови и 10 асистенции.