Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
Фудбалерите на Пари Сен Жермен го пречекуваат Арсенал во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, а во таборот на домашниот тим, само кај Осман Дембеле е отворено прашањето.
Французинот се здоби со повреда во првиот натпревар, од тогаш е надвор од строј, но денес започна да тренира со остатокот од екипата.
Иако сè уште не е целосно подготвен, во таборот на Паризаните расте оптимизам, а најважно е што повредата не е од сериозна природа, особено ако се земе предвид неговата историја од Барселона кога пречесто беше надвор од теренот.
Поголема е можноста Луис Енрике да не ризикува со потешка повреда и Дембеле да остане на клупата и да влезе во игра по потреба за да им помогне на своите соиграчи.
Во случај Дембеле да не биде подготвен да го започне натпреварот, на терен ќе излезат или Бредли Баркола или Гонсало Рамош, додека сигурен е Хвича Кварацкелија.
ПСЖ во првиот натпревар славеше со резултат од 1:0 и има голема шанса да стигне до своето прво финале од 2020 година, кога во борбата за купот подобар беше Баерн Минхен.
Натпреварот ПСЖ – Арсенал е закажан за среда во 21.00 часот.
Фото: Принтскрин