Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Лоши вести пристигнуваат за навивачите на Реал Мадрид по натпреварот со Рајо. Повредени се три ѕвезди на „Кралевите“ пред реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико.
Според пишувањата на шпанските медиуми, Винисиус Жуниор и добил удар во палецот на десното стапало, додека Џуд Белингам ја повредил десната бутна коска.
Родриго добил удар во метатарзалната коска на левото стапало, со која и претходно имал проблеми.
Добрата вест е што повредите на прв поглед не изгледаат сериозно, па би можеле, во најдобар случај, сите тројца фудбалери да бидат во конкуренција за мечот против Атлетико.
Сепак, сѐ ќе биде сигурно потврдено дури откако ќе се извршат медицинските прегледи кои се закажани за денес.
.