Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
Фудбалерите на Барселона го освоија Купот на Кралот со победа од 3:2 по продолженија во натпреварот против Реал Мадрид. Драмата на крајот на средбата во Севиља беше обележана со сцени на незадоволство од играчите на Реал, а главниот судија на натпреварот Рикардо Де Бургос Бенгоечеа покажа три црвени картони.
Во извештајот по натпреварот, Де Бургос објасни зошто ги исклучи тројцата играчи на Реал.Антонио Рудигер (120. минута)
“Во 120. минута играчот (број 22) Рудигер, Антонио е исклучен од следниов причина: поради фрлање предмет од техничката зона, иако не ме погоди. Откако му беше покажан црвениот картон, членовите на стручниот штаб мораа да го задржат, при што покажа агресивно однесување”, напиша судијата.
Лукас Васкез (120. минута)
“Во 120. минута играчот (број 17) Васкез Иглесиас, Лукас е исклучен од следниов причина: поради протестирање на една од нашите одлуки, при што втрча неколку метри на теренот и гестикулирајќи изрази несогласување.”
Џуд Белингам (по натпреварот)
“Во 120. минута играчот (број 5) Белингам, Џуд Виктор Вилијам е исклучен од следниов причина: по завршувањето на натпреварот се упати кон нашата позиција со агресивно однесување, при што соиграчите мораа да го задржат.”
Фото: Принтскрин