Тројца позитивни во Израел, ќе има ли проблеми за Македонија?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација денеска требаше да го одигра четвртиот контролен натпревар во рамки на подготовките за Европското првенство (ЕП), меѓутоа тоа не се случи затоа што во Израел се појавиле тројца позитивни случаи.

Македонските ракометари претходно имаа негативни тестови на коронавриусот, меѓутоа тоа не мора да значи ништо затоа што има шанси да не се појавиле симптоми кај нашите играчи по вчерашниот дуел со Израел, кој го добивме со 31-28.

Македонија ги доби сите три контролни меча во подготовките, еден против Израел и два против Кувајт, а ЕП ќе го отвори на 13 јануари против Словенија, но претходно мора да направат двапати тестови, на 7 и 10 јануари.