Тросар во зима оди во Саудиска Арабија, а во Арсенал доаѓа ѕвезда од 100 милиони евра


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Според информациите кои ги пренесуваат англиските медиуми еден од фудбалерите кој ќе го напушти Арсенал е Белгиецот Леандро Тросар кој својата кариера ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.

Екипата на Ал-Итихад минатото лето се обиде да го доведе Тросар на позајмица, но таа опција беше отфрлена, меѓутоа тимот од Саудиска Арабија не мисли да се откаже.

Како што пренесуваат новинарите на „Мирор“, Арсенал веќе има подготвена замена за Тросар, а станува збор за Мохамед Кудуз кој моментално е играч на Вест Хем и кој во овој клуб за 50 милиони евра пристигна од Ајакс.

Во досегашниот дел од кариерата како играч на Вест Хем фудбалерот од Гана постигнал 16 гола во 55 одиграни натпревари и јасно е дека привлекол внимание на себе.