Цела Англија му се фрли на Сари поради него, а сега и стави крај на сезоната…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Челси, Калум Хадсон Одои ја заврши сезоната, бидејќи ја скина ахиловата тетива во текот на мечот со Барнли во Премиер лигата.

Челси синоќа одгира нерешено 2:2 со Барнли, а 18-годишниот фудбалер се повреди во 41. минута од мечот.

Тој истакна дека е разочаран што на овој начин ја заврши сезоната, но дека напорно ќе работи и ќе се обиде да се врати посилен во следната сезона.

Хадсон Одои одигра 24 натпревари оваа сезона,к а за репрезентацијата на Англија дебитираше во март.

Тој ќе ги пропушти последните првенствени натпревари во кои Челси ќе се обиде да избори пласман во ЛШ. Исто така, Челси во полуфиналето од Лига Европа ќе игра против Ајнтрахт, а првиот меч на програмата е на 2. мај.

Британските медиуми пренесоа дека Хадсон Одои ќе го напушти Челси поради малата минутажа, но тој почна на четири од последните шест натпревари. Тренерот на Челси, Маурисио Сари изминатиот месец истакна дека очекува Хадсон Одои да остане на „Стемфорд Бриџ“.